2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСредба на Вељаноски со новиот извршен директор од Светска банка Химскерк

Средба на Вељаноски со новиот извршен директор од Светска банка Химскерк

trajko1

Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска го прими новиот извршен директор на холандска конституенца на Светската банка Франк Химскерк. На средбата двајцата соговорници разменија мислење за повеќе прашања значајни за соработката меѓу Република Македонија и Светската банка.

Како што информираат од Кабинетот на претседателот на Собранието, Вељаноски го запозна гостинот со големиот интерес и оправданоста за соработката со Светската банка, особено од аспект дека се работи за помош која Република Македонија ја добива под многу поволни услови и дека, меѓу останатото и помошта од Светската банка во екот на економска криза овозможи таа да не земе поголем замав во Република Македонија.

Вељаноски потенцираше дека Собранието стои на располагање за соработка особено во делот кој на граѓаните ќе им овоможи реално да го почувствуваат бенефитот од соработката со Светската банка. Тој го запозна гостинот дека Република Македонија е посветена на спроведување на реформите со цел да го подобри животот на сопствените граѓани, а не само заради услови кои треба да бидат исполнети на патот на евроатлантското интегрирање на државата.

Претседателот на Собранието потенцираше дека на Република Македонија особено значајно и е да биде пристоен и достоен член на европското семејство, член кој по влегувањето во семејството ќе може да одговори на конкурентноста, политички и економски.

Гостинот изрази задоволство од средба со претседателот на Собранието на Република Македонија, особено имајќи го искуството како пратеник во Парламентот на Холандија. Потенцираше дека Светската банка е банка на светот со основна цел и постојан анганжман кон намалување на сиромаштијата и осигурување на просперитет и на стабилност, економска, еколошка и социјална, за што делува насекаде, во Азија, Јужна Америка и на Балканот.

Химскерк изрази мислење дека Светската банка е премногу фокусирана на владите и на невладините организации и дека треба нејзино позначително фокусирање на општеството, на Парламентите и на бизнисот и дека е потребно и четириесетте проценти од населението кое се категоризира како сиромашно да ги почувствува бенефитите од нејзиното функционирање.

Тој изрази уверување дека Светската банка настојувала и ќе продолжи во настојувањето да и помогне на Република Македонија во исполнување на неопходните мерки и чекори за да стане дел од Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП