25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарски експерт: Време е да се признае пропаст на експериментот со еврото

Бугарски експерт: Време е да се признае пропаст на експериментот со еврото

Европските политичари треба да решат дали ќе продолжат неразумно да печатат и трошат пари или ќе признаат пропаѓање на експериментот со еврото, смета бугарскиот економист Георги Вулџев.

„Земјите како Унгарија и Полска повикуваат на друга опција, а исто така и Чешка, затоа што тие не одбиле да го прифатат еврото без причин и воопшто немаат намера да го направат тоа“, изјави економистот.

Според зборовите на експертот, овие земји се пример дека може да се постигне високо ниво на економски раст надвор од границите на Еврозоната.

„Стандардот на живеење во земја како Полска е повисок отколку во Бугарија, а растот на БДП (бруто домашен призвод) во 2018 година надминал пет проценти. Ние едвај остваруваме и 3,5 проценти. Еврото нема да ја подобри оваа состојба, туку сосема спротивното. Еврозоната се претвора во црна дупка, која ја голта секоја надеж за економски просперитет, а нашите политичари набрзина и неразумно нè водат таму – и покрај сомнежите на сопствените гласачи“, истакна експертот.

Во јануари, социолошката агенција Trend на барање на порталот EKIP (Експертски клуб за економија и политика), чиј главен уредник е Вулџев, спровела социолошка анкета, според која, воведување на еврото го поддржуваат само 19 проценти од населението. Педесет проценти од испитаниците се против, додека 60 проценти од Бугарите сметаат дека левот е постабилна валута. Педесет и четири проценти од анкетираните бараат референдум за пристапување во Еврозоната.

Претходно, бугарскиот претседател Румен Радев изјавил дека пристапувањето во еврозоната се заканува дека ќе предизвика пад на животниот стандард на граѓаните и како пример ја наведе Италија и Грција. Премиерот Бојко Борисов, сепак, верува дека не постои земја која би вовела евро и „би живеела полошо од другите членки на ЕУ“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП