28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Волстрит џурнал“: Доделувањето помош за Грција e лесниот дел, враќањето ќе биде...

„Волстрит џурнал“: Доделувањето помош за Грција e лесниот дел, враќањето ќе биде тешкиот

grcija4

Договорот постигнат на средбата на Еврогрупата за доделување на следната транша од помошта за Грција, беше лесниот дел. Исплатата ќе биде тешкиот, пишува американскиот весник „Волстрит џурнал“, алудирајќи на тоа дека Европа никогаш нема да си ги врати парите дадени на земјата.

Американскиот весник ги оценува како „шега“ тврдењата за безбедноста на грчкиот долг. Наспроти охрабрувачките изјави на германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле и шефицата на ММФ Кристин Лагард, грчкиот долг кон крајот на 2013 година ќе достигне 157 проценти од БДП, додека буџетскиот дефицит на земјата во 2012 година изнесуваше 10 отсто од БДП, како врв на тоа невработеноста достигна 26,8 проценти, земјата е петта година по ред во рецесија, што се оценува дека годинава ќе изнесува 4,4 отсто, наведува весникот „Волстрит џурнал“.

Тоа јасно покажува дека Грција никогаш нема да може да ги подмири долговите и да се спаси. Сегашната дискусија за тоа дали Грција прави доволно за реформите е целосно надвор од темата, бидејќи ако Грција излезе од еврозоната нејзините доверители од Европската унија ќе ги загубат парите. Нешто што германскиот канцелар Ангела Меркел сигурно не сака да се случи, особено не пред изборите во септември.

Грците и Германците го знаат тоа, исто така, знаат дека надворешниот долг на Грција е многу полош отколку пред доделувањето на спасувачкиот пакет помош, кога долгот на земјата изнесуваше 129 отсто од БДП и секоја дискусија за неговата безбедност сега звучи како шега, наведува весникот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП