20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛеб и бели пецива за социјално исклучени и сиромашни лица

Леб и бели пецива за социјално исклучени и сиромашни лица

c

Леб и бели пецива секој ден ќе добиваат социјално исклучени и сиромашни лица во неколку центри во Скопје, Битола, Охрид, Штип, Струга, Струмица, Тетово, Прилеп и Куманово. Ова го опфаќа договорот за соработка кој компанијата Тинекс го склучи со Банката за храна во Македонија кои се клучна алка во ланецот за дистрибуција на храната.

Преку оваа соработка компанијата, соопштија оттаму, успешно се вклучува во кампањата покрената од програмата на Обединетите нации за животна средина, од Организацијата за храна и земјоделство и од Организацијата за рециклирање со цел да се спречи непотребното фрлање на храната.

Банката за храна која е придружна членка на Европската Федерација на Банки за храна – ФЕБА ќе ја доставува храната преку својот ланец на дистрибуција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП