28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСобранието ги донесе измените на Законот за тутун

Собранието ги донесе измените на Законот за тутун

tutun1

Собранието на Република Македонија денеска, во рамки на 67. седница, со 60 гласови „за“, по итна постапка, го донесе Законот за изменување на Законот за тутун и тутунски производи.

Целта на измените, како што образложи заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски, е, пред се, усогласување на правната рамка со измените на Законот за акцизи.

Од примената на новите решенија се очекува да се подобри и зголеми наплатата на надоместоците од правните лица кои увезуваат и произведуваат тутунски производи.

Според измените, надоместокот што досега го плаќаа правните лица произведувачи или увозници на тутунски производи се укинува и ќе биде обединет во заедничка, комбинирана акциза со ист фискален ефект кој и до сега беше распределуван на Министерството за земјоделство од државниот Буџет.

Се укинува и надоместокот на тутунските добра, односно се обединува со акцизата за тутунските производи.

Новиот Закон предвидува за финансирање на активностите во примарното тутунско производство и за промоција на извозот средства да се обезбедуваат од Буџетот на Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП