21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВака изгледа бура кога ќе наиде со 200 км на час: Мораа...

Вака изгледа бура кога ќе наиде со 200 км на час: Мораа да се држат за да не ги однесе(видео)

Невремето во средата и четвртокот скоро целосно ја отсече Далмација од остатокот на земјата. Беа затворени бројни патишта, ветровите превртувале камиони, паѓале фасади, а во Солин танкерот завршил на карпите. Пожарникарите низ целата земја излегле на стотици интервенции.

Тимот од Крометео, Хрватска решил во четвртокот да сними како изгледа невреме од прва рака. Тие се соочиле со удари од 194 километри на час.

„Датумот е 5 февруари. Најсилното невреме оваа зима. Во првиот наврат, тимот измерил налети од 190 километри на час. Како што се гледа, тие мора да се држат за да не ги однесе. Што не значи дека нема да ги однесе. Не го правете ова по дома “, се слуша во снимката.

Видеото објавено на порталот Далмација денес и на нивниот канал на ЈуТјуб, снимено е над Дубац кај Макарска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП