6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУште еден милијардер потпиша "The Giving Pledge" - откажувајќи се од повеќе...

Уште еден милијардер потпиша “The Giving Pledge” – откажувајќи се од повеќе од половина богатство

Директорот на компанијата Blackstone, Стивен Шварцман вети дека ќе донира поголем дел од своето богатство во добротворни цели, со потпишување на The Giving Pledge.

Станува збор за иницијатива започната од Бил и Мелинда Гејтс и Ворен Бафет во 2010 година за да ги охрабри милијардерите ширум светот да донираат голем дел од своето богатство во филантропски цели.

Досега, The Giving Pledge има 206 потписници од 23 земји, кои ветија дека ќе дадат вкупно повеќе од 500 милијарди долари.

Меѓу потписниците се директорот на Facebook, Марк Закерберг, основачот на Tesla, Елон Маск и претседателскиот кандидат Мајкл Блумберг.

Богатството на Шварцман се проценува на 13,2 милијарди долари и е еден од 100-те најбогати луѓе во светот.

Заинтересиран за образование

Како претседател и ко-основач на Blackstone групацијата, компанијата за управување со приватен капитал со седиште во Њујорк, Шварцмен во последните години заработи повеќе од пет милијарди долари од продажба на акции и од провизии.

Фирмата е основана во 1985 година со примарен фокус на спојувања и превземања и стана најголемата алтернативна инвестициска компанија во светот.

Потписниците на The Giving Pledge не мора да прецизираат за што ќе дадат пари, иако Шварцман покажа силен филантропски интерес за образованието. Во изминатата деценија, донираше стотици милиони на јавната библиотека во Њујорк, Универзитетот Тсингуа во Кина, Универзитетот Јејл, Институтот за технологија во Масачусетс и Оксфорд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП