18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКои биле најголемите светски производители на нафта во последните 120 години? (видео)

Кои биле најголемите светски производители на нафта во последните 120 години? (видео)

Лидерите во производство на нафта во последните децении ги креираат светските економски трендови.

Во видеото може да се следи рангирањето на најголемите земји производители  на „црното злато“ во последните 120 години.

Земјите се подредени по дневно производство од 1900 година до денес, а индикативно е како низ историјата редоследот се менува.

За првите седумдесет до сто години, Соединетите Американски Држави биле неоспорен лидер, а руската експлоатација на нафта значително варира.

Русите ја преземале лидерската позиција во средината на седумдесетите години од минатиот век.

Почетокот на деведесетите на врвот на листата доаѓа Саудиска Арабија, а деценија подоцна на прво место се менуваат овие три земји.

Интересни се и трендовите во производството на нафта во Мексико, Венецуела, Норвешка, Кина, особено во арапските земји, како и во земјите на Африка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП