2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСЗО: Нема ефикасни лекови за коронавирусот

СЗО: Нема ефикасни лекови за коронавирусот

Светската здравствена организација (СЗО) ги негираше извештаите во медиумите дека се открени лекови кои птретставуваат пресвртница во лекувањето на лица заразени со коронавирусот кој предизвика епидемија во Кина и се рашири во најмалку 20 други земји.

Во извештајот на кинеската телевизија се вели дека истражувачкиот тим на Универзитетот Џеџангу пронашол ефикасен лек за вирусот, а британски „Скај њуз“ објави дека истражувачите направиле значаен пробив во развојот на вакцината, пренесе „Ројтерс“.

На прашањето за извештаите, портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ, рече дека засега не постојат познати ефикасни лекови против вирусот 2019-nCoV.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП