3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААлармантна ситуацијата со патните исправи

Алармантна ситуацијата со патните исправи

“Проблемот со личните карти засега се менаџира на задоволително ниво. Има одреден застој, но во однос на личните карти и возачките дозволи мислам дека проблемот ќе го надминеме овие денови. Меѓутоа, алармантна е ситуацијата во областа на патните исправи”, изјави денеска министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

“Патни исправи тип Б веќе речиси и да нема. Патни исправи тип А на македонски јазик има до кај 10-ти февруари. Значи, веќе имаме редуцирано издавање, тоа е проблем што го наследив од порано. Резултат е лошoто планирање и анализа на потребите на МВР за патни исправи. Наредната нарачка е после 15-ти март. Значи, имаме еден сериозен проблем од речиси 30 дена, рече Чулев на денешната прес-конференција на Мисијата на ОБСЕ, Министерството за внатрешни работи и Советот за етика во медиумите за адресирање на говорот на омраза во медиумите за време на преизборниот период.

Посочи дека се во преговори со германската фирма „Веридос“, која е добавувач на обрасците за лични документи.

“Во текот на оваа недела ќе сондирам точно колку е алармантен проблемот, меѓутоа веќе е алармантен и на почекот на идната недела ќе имам посебна изјава или прес токму на оваа тема – патни исправи”, најави министерот за внатрешни работи Чулев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП