11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо овие земји на ЕУ платите помали отколку пред 10 години

Во овие земји на ЕУ платите помали отколку пред 10 години

Работниците во шест земји на ЕУ минатата година во просек имале пониски плати отколку пред една деценија.

Во истиот период, платите на работниците во три земји членки на блокот останале практично непроменети во текот на изминатата деценија, покажуваат резултатите од истражувањето на Институт за европски синдикати (ETUI).

Според бројките објавени вчера до кои дошол ETUI, просечните пакети за плати минатата година биле пониски отколку во 2010 година во Италија, Шпанија, Грција, Португалија, Хрватска и на Кипар, објави Europeanmovement.eu.

Просечен пакет плати, прилагоден за инфлација, вклучително придонеси за социјално осигурување и надоместок на плата, минатата година во Грција бил понизок за 15 проценти во однос на истиот пакет во 2010 година, на Кипар бил 7,0 проценти помал, во Хрватска помал за 5,0 проценти, во Шпанија и Португалија за 4,0 проценти, а во Италија за 2,0 проценти.

Истражувањето на ETUI исто така покажува дека просечниот пакет плати во текот на последната деценија бил замрзнат или малку зголемен во Финска (+ 0,1 проценти), Белгија (+ 1,5 проценти) и Холандија (+ 1,5 проценти).

„Работниците во шест држави на ЕУ се во полоша состојба отколку што беа пред 10 години. Лидерите на ЕУ сакаат да се фалат со таканареченото закрепнување, но за милиони работници во многу земји на ЕУ кризата не е готова“, изјави заменичката на генералниот секретар на Европската конфедерација на синдикати (ETUC), Естер Линч.

Таа додаде дека „ЕУ мора да направи многу повеќе за да се поттикне зголемувањето на платите и минималните заработки и да пружи поддршка за посилно колективно договарање во речиси сите земји членки на Унијата“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП