2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа британските дипломати им е забрането да го користат зборот "Брегзит"

На британските дипломати им е забрането да го користат зборот “Брегзит”

Британската канцеларија за надворешни работи објави нови упатства за јазикот кој вработените го користат кога зборуваат за излегувањето на Велика Британија од Европската унија, а меѓу забранетите зборови е и самиот Брегзит, пишува британскиот весник Guardian.

Според некои извештаи, покрај зборот Брегзит, на вработените не им е дозволено да користат одредени зборови и фрази, како што се „период на спроведување“, „исход без договор“ или „специјално партнерство“.

“Брегзит заврши, затоа не го користиме тој термин. Зачувајте го тоа како историски настан кој се случи на 31 јануари 2020 година”, се вели во одредбата.

Во новите упатства се вели дека не треба да се користи изразот „со или без договор“. Покрај тоа, не е дозволено да се користи зборот „партнерство“ кога се зборува за односите со ЕУ во иднина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП