20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата и понатаму продолжуваат да паѓаат поради коронавирусот

Цените на нафтата и понатаму продолжуваат да паѓаат поради коронавирусот

Цените на нафтата повторно во пад поради стравувањата дека побарувачката за овој енергенс ќе биде погодена на долг рок поради епидемијата на коронавирусот.

Во Лондон, цената на сировата нафта “брент” од Северното Море паднала за 49 центи или 0,9 проценти на 53,96 центи.

Во Њујорк, цената на лесната сирова нафта е намалена за 50 центи или еден процент и сега изнесува 49,61 долари за барел.

Цените на нафтата се во пад во последните две недели од глобалното влијание врз економијата од коронавирусот, од кои досега 427 лица починаа, а повеќе од 20.000 се заразени.

На почетокот на берзата цените на нафтата биле во пораст поради вестите дека OPEK би можел да воведе нови намалувања на производството, со цел да се влијае на евентуалното намалување на побарувачката предизвикана од епидемијата.

Непознати извори претходно изјавиле дека OPEK и нивните сојузници, вклучително и Русија, би можеле да размислат за намалување на производството на сировата нафта за 500.000 барели на ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП