28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАWall Street: Продолжува вртоглавиот раст на акциите на Tesla

Wall Street: Продолжува вртоглавиот раст на акциите на Tesla

Акциите на Tesla и понатаму бележат вртоглаво искачување на Wall Street, продолжувајќи го својот извонреден раст кој трае со денови, недели, па и со месеци, пренесува CNN.

На тргувањето во вторникот на њујоршката берза, акциите на Tesla во еден момент регистрираа скок од дури 20,5 проценти во однос на понеделникот, на 940 долари, со што пазарната капитализација на компанијата достигна околу 170 милијарди долари.

За само два дена на тргување оваа недела, акциите на Tesla зајакнаа за 40 проценти, а од почетокот на 2020 година повеќе од двојно ја зголемија вредноста.

Во последните шест месеци, акциите на овој производител на електрични автомобили бележат раст од 233 проценти, додава CNN.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП