26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРабота до 70 години: Во земјата сé повеќе стари, недостасуваат работници

Работа до 70 години: Во земјата сé повеќе стари, недостасуваат работници

Јапонскиот премиер, Шинзо Абе и неговата влада го одобрија предлог законот со кој се повикуваат фирмите да им дозволат на работниците да продолжат да работат до 70 години.

Tие мерки се преземени за да се намали хроничниот недостаток на работна сила и да се покријат трошоците за социјални бенефиции во земјата чија популација забрзано станува сé постара.

Новото законодавство ги повикува корпорациите да изберат една од опциите, вклучително и елиминирање на возраста за пензионирање, подигнување на прагот за пензионирање или дозволување на вработените да работат над утврдената старосна граница.

Се очекува владата да го претстави предлог законот за време на седницата на јапонскиот парламент, а неговата примена се очекува од април следната година.

Јапонија се соочува со зголемен демографски товар по децении забрзано стареење на населението и опаѓање на стапките на новороденчиња.

Критичарите ја обвинуваат владата на Абе дека превземала многу малку за да спречи и да го смени тој тренд.

Се очекува дека до 2060 година речиси 40 проценти од вкупното јапонско население да биде составено од стари луѓе од 65 години и повеќе, објави Националниот институт за истражување на население и социјално осигурување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП