20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОбјавени огласите за субвенции на печки на пелети, за поддршка на туризмот...

Објавени огласите за субвенции на печки на пелети, за поддршка на туризмот и за занаетчиството

Министерството за економија од почетокот на оваа недела започна со објавување на јавните повици кои се предвидени во годишните програми, информираше на прес конференција министерот за економија Крешник Бектеши.

Досега се објавени огласи за поддршка за занаетчиството и за туризмот, а утре ќе биде објавен јавниот повик за субвенции за печки на пелети.

“Во делот на занаетчиството сакам да информирам дека вчера беа објавени јавни повици за три мерки: субвенционирање на занаетчии, субвенции за трошоци за ангажирање на чираци (нова мерка) и кофинансирање на проекти за занаетчиски комори за развој и промоција на занаетчиството. За субвенционирањето на занаетчии предвидено е кофеинансирање до 50% од докажаните трошоци, но не повеќе од 180.000 денари за набавка на опрема и алати, уредување/подобрување на деловниот простор. За оваа мерка предвидени се средства во вкупен износ од 4, 5 милиони.За мерката субвенционирање на трошоци за ангажирање на чираци исплатени како надоместок за ангажирање на чирак, но не повеќе од 30.000 денари по апликант. За оваа мерка предвидени се средства во вкупен износ од 300.000 . Додека за мерката кофинансирање на проекти на занаетчиските комори за развој и промоција на занаетчиството предвидено е кофинансирање на 75% од трошоците за реализација на проекти на занаетчиските комори кои се однесуваат на развој и промоција на занаетчиството во Северна Македонија.Максималниот износ за кофинансирање на трошоците по проект изнесува 250.000 денари, а за оваа мерка буџетот изнесува 1, 7 милиони денари, информираше министерот.

Во однос на туризмот министерот информираше дека денеска се објавени јавни повици за три мерки и тоа за субвенции за селски домаќинства, за поддршка на манифестации, проекти и бизнис форуми од интерес на развојот на туризмот и за пријавување на интерес од страна на угостителските објекти за сместување за прием на гости за мерката Одмор за работници со ниски примања.

„За првата мерка се кофинансираат до 60% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000 денари кои ќе се направат за уредување и опремување на објектот согласно традицијата на крајот во кој се наоѓа. За поддршка на манифестации, проекти и бизнис форуми од интерес на развојот на туризмот се кофинансираат дел од трошоците за организација на Манифестации, Проекти и Бизнис форуми кои имаат туристички карактер а се во интерес на развој на туризмот.а последниот јавен повик се однесува за пријавување на угостителските објекти за сместување за прием на гости за мерката-Одмор за работници со ниски приходи“ информираше министерот.

Последната мерка за која што јавниот повик ќе биде објавен утре се однесува за надомест на дел од трошоците за купување на печки на пелети, со кои домаќинствата ќе ги заменат старите печки на јаглен, дрва, нафта или мазут.

„Согласно овој јавен повик е предвидено на граѓаните кои ќе купат печки на пелети да им се овозможи надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети до 50%, но не повеќе од 20.000 денари по домаќинство за 2020 година. Вкупниот износ на средства кој се предвидено во овој јавен оглас е 11 милкиони денари.Како и на претходниот оглас, воедно со овој јавен повик се дава можност за надоместување на дел од трошоците за купување печки на пелети до 70%, но не повеќе од 25.000 денари по домаќинство, за категоријата на лица со ниски примања. За овој вид на апликанти предвидено се 3 милиони денари. Право на учество ќе имаат лицата кои ќе купат печка на пелети во своето домаќинство во периодот од 1 јануари 2020 година заклучно со 06.03.2020 година и ќе ја достават потребната документација наведена во Јавниот оглас“ информираше министерот. Сите субвенции ќе се доделуваат по принципот „прв дојден прв услужен’’.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП