26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина призна пропусти во справувањето со коронавирусот

Кина призна пропусти во справувањето со коронавирусот

Кинеското раководство призна дека имало пропусти и недостатоци во реагирањето на државата на ширењето на смртоносниот коронавирус.

Постојаниот комитет на Политбирото на Комунистичката партија на Кина соопшти дека системот на реагирања на кризната ситуација мора да се подобри, како и дека државата мора да ги зајакне капацитетите во решавање на ургентните и опасни задачи.

Исто така е порачано дека мора да се извчече порака од, како што е наведено, големиот тест за кинескиот систем, објави „Синхуа“.

Со одлуката на Политбирото наложена е забрана за илегална трговија со диви животни, како и засилен надзор на пазарите.

Жариштето на епидемијата, градот Вухан останува главен приоритет и таму ќе биде испратен дополнителен медицински персонал, наведува Постојаниот комитет на Политбирото.

Заклучено е и дека функционерите треба да преземат целосна одговорност во превенцијата на епидемијата, согласно своите должности, а тие кои нема да го сторат тоа треба да бидат казнети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП