22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата паѓа: Саудиска Арабија бара начин да ја спаси својата...

Цената на нафтата паѓа: Саудиска Арабија бара начин да ја спаси својата економија

Саудиска Арабија бара значително намалување на производството на нафта во државите-производители на OPEK.

Овој потег е преземен за да се избегне падот на побарувачката за нафта поради ширењето на коронавирусот, објави Wall Street Journal, повикувајќи се на неименувани извори.

Според американските медиуми, OPEK може да донесе одлука да го намали производството на нафта на претстојниот состанок следната недела. Ријад инсистира сите членки на OPEK да го намалат производството на нафта за 500.000 барели на ден, објави Wall Street Journal.

Второто сценарио предвидува привремено намалување на производството на Саудиска Арабија за милион барели на ден. Сега оваа земја произведува околу 9,7 милиони барели на ден.

Саудиските власти стравуваат дека зголемувањето на загубите од нафтените приходи е закана за нивните напори за диверзификација на економијата.

Синоќа, вредноста на брент нафтата падна до 54,9 долари за барел, прв пат од јануари 2019 година. Bloomberg објави дека таквата состојба на нафтениот пазар е предизвикана поради падот на побарувачката во Кина за 20 проценти поради коронавирусот.

Претседателот на Русија, Владимир Путин разговарал на телефон со кралот на Саудиска Арабија, Салман за светскиот пазар на нафта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП