28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКинезите од темел изградија нова болница за само 10 дена(видео)

Кинезите од темел изградија нова болница за само 10 дена(видео)

Кинезите во градот Вухан, од каде што очна да се шири заразата на новиот коронавирус, за десет дена изградија нова болница.

Како што пренесува Би-би-си, болницата, чија изградба почна на 24 јануари, утрово ги примила првите пациенти.

Новата болница се протега на речиси 25.000 квадратни метри и има 1.000 кревети, пишува кинескиот дневен весник „Пиполс дејли“.

Здравствените власти веќе испратија медицински работници и опрема во новоизградената болница, кои ќе треба да се справат со тешките случаи на ова заболување и да придонесат за негово неутрализирање.

Според најновите податоци, досега починале 362 лица од коронавирусот, а заразени се над 17.000.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП