4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпанијата Coca-Cola објави нови еколошки цели, проширувајќи го партнерството со WWF

Компанијата Coca-Cola објави нови еколошки цели, проширувајќи го партнерството со WWF

Coca-Cola си постави амбициозни глобални цели за управување со водата, климата, пакувањето и земјоделството.

kokakola

Компанијата Coca-Cola продолжува да го унапредува својот одржлив развој, поставувајќи си нови, смели еколошки цели, преку обновеното партнерство со World Wildlife Fund (WWF) и WWF International. Овие амбициозни цели, кои ги надополнуваат останатите заложби на Coca-Cola за општествена благосостојба, се фокусираат на одржливо управување со вода, енергија и употреба на амбалажа за пакување, како и одржлива набавка на земјоделски состојки до 2020 година.

„Ние во Coca-Cola сме длабоко посветени, преку соработка со партнерите, да се соочиме со нашите колективни предизвици во врска со животната средина и одговорно да управуваме со глобалните ресурси“, рече Мухтар Кент, претседател и главен извршен директор на Coca-Cola. „Соочувајќи се со глобалното намалување на ресурсите и растечката побарувачка за храна и вода, мора да бараме решенија кои носат взаемна корист за бизнисот, заедниците и природата“, заклучи Кент.

Од 2007 година, Coca-Cola и WWF работеа заедно на зачувување и заштита на слатководните ресурси во целиот свет и на подобрување на ефикасноста на операциите на Coca-Cola.

„Сведоци сме на невидена побарувачка за природни ресурси во целиот свет. Ако продолжиме по старите теркови се става под ризик, вклучувајќи ја и одржливоста на бизнисот,“ изјави Картер Робертс, претседател и извршен директор на WWF. „Овие проблеми може да се решат само со заедничка работа, а нашата работа со Coca-Cola покажа дека соработката може да го засили и забрза влијанието што ни треба“.

Во рамки на обновеното и проширеното партнерство, WWF ќе ја поддржи Coca-Cola во остварување на новите цели за одржливост на животната средина до 2020 година, кои вклучуваат:

1. Подобрување на ефикасноста при користење на водата за 25%. Оваа цел се надградува на веќе подобрената ефикасност во користењето на водата во производството од 21,4% постигната во периодот од 2004 до 2012 година.

2. Поддршка во обезбедување здрави и одржливи слатководни системи.

Coca-Cola и WWF ќе ги прошират своите заеднички напори за заштита на 11 региони на пет континенти, вклучувајќи ги речните сливови на Амазон, Рио Гранде, Замбези, сливот на Големиот корален гребен и др.

3. Намалување на емисиите на CO2 за 25%. Coca-Cola ќе работи на намалување на испуштањето т.н. стакленички гасови во целокупниот производствен синџир.

4. Одговорно набавување на суровини за својата амбалажа. Ова ќе и овозможи на Coca-Cola компанијата да ја оствари својата цел да користи до 30% растителнa суровина за сите свои ПЕТ пластични шишиња до 2020 година.

5. Одржлива набавка на клучните земјоделски состојки. Coca-Cola ќе работи на одржлива набавка на клучните состојки, вклучувајќи шеќерна трска, шеќерна репка, пченка, портокал, манго, лимон, грозје, јаболко, чај, кафе и други земјоделски состојки неопходни за производство во целиот Coca-Cola систем.

Покрај целите поддржани од партнерството со WWF, Coca-Cola ги потврди и разви своите цели за надоместување на водата и поврат на пакувањата. Овие цели вклучуваат:

6. Надоместување на 100% од употребената вода. Coca-Cola ќе ја врати третираната вода од своите производствени процеси назад во природата и ќе ја надомести водата која се користи во готовите пијалаци преку продолжување на тековните проекти во повеќе од 100 земји.

7. Достигнување на стапката од 75% поврат на шишиња и лименки. Компанијата ќе продолжи да ја намалува количината на материјал и енергијата која се користи при пакување и ќе продолжи да работи со индустријата и локалните организации за да воспостави основни информации и да го зголеми повратот и рециклирањето на амбалажата на пазарите во земјите во развој.

 

# # #

Дополнителни информации можете да добиете преку следниот link: 2020 environmental goals.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП