27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарците во сé поголем број ја напуштаат земјата

Швајцарците во сé поголем број ја напуштаат земјата

Иселувањето на населението не е единствено за земјите од Источна и Југоисточна Европа, туку ги погодува и богатите земји, како Швајцарија.

Се повеќе и повеќе Швајцарци одлучуваат да ја бараат среќата во странство, со тоа што Франција, Германија и Соединетите држави, но и Австралија или Тајланд, се омилени дестинации за живот.

Во последниве години, бројот на Швајцарци кои ја напуштиле земјата значително се зголемил, а во исто време сè помалку „дијаспората“ се враќа.

Нема проблем со демографија

Резултат на тоа е што, на пример, во 2017 и 2018 година, скоро 32.000 Швајцарци се иселиле, а 24.000 се вратиле во земјата.

Според статистичките податоци, скоро 36 проценти од иселениците од Швајцарија се на возраст помеѓу 20 и 35 години, при што сè повеќе млади ги пакуваат куферите и ја напуштаат богатата, но скапа Швајцарија.

Втората група на иселеници се двојни државјани, односно Швајцарци со странско потекло, како што се Италијанци или Португалци, кои по пензионирањето се враќаат во поранешната татковина.

Меѓутоа, Швајцарија нема проблем со демографијата, бидејќи тоа е земја во која се имигрира и минатата година во таа земја се населиле скоро 55.000 странци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП