20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на нафтата паднаа четврта недела по ред, за повеќе од 4...

Цените на нафтата паднаа четврта недела по ред, за повеќе од 4 проценти

Цените на нафтата на светските пазари паднаа и минатата недела, четврти пат во низа, и тоа за повеќе од 4 проценти, што е последица на стравувањата на инвеститорите од економските последици поради ширењето на коронавирусот во и надвор од Кина.

На лондонскиот пазар цените на барелот минатата недела паднаа за 4,2 проценти, на 58,16 долари, додека на американскиот пазар барелот е поевтин за 4,8 проценти, на 51,56 долари.

Остриот пад на цените се должи на ширењето на коронавирусот во Кина, од кои досега починаа повеќе од 360 луѓе, а заразени се повеќе од 17.000. Покрај тоа, случаи на овој вирус се забележани во сите кинески провинции и во дваесет земји во светот.

Аналитичарите сметаат дека ширењето на коронавирусот, како што беше SARS, најмногу ќе го погоди туризмот и довербата на потрошувачите, па се очекува и пад на потрошувачката и приходите на многу компании во Кина.

Аналитичарите на JPMorgan поради тоа ги намалија проценките за раст на кинеската економија во првиот квартал оваа година од претходните 6,3 проценти на 4,9 проценти. Поради тоа ја намалија и проценката на раст на глобалната економија во првиот квартал за 0,3 процентни поени.

Се очекува намалување на потрошувачката

Аналитичарите проценуваат дека ширењето на коронавирусот би можело да ја намали побарувачката за нафта во првиот квартал од оваа година за повеќе од 250.000 барели на ден и да ги закочи цените на нафтата, веќе притиснати со обилната понуда.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП