28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоследици од Брегзит: Француските рибари привремено го изгубија ловиштето

Последици од Брегзит: Француските рибари привремено го изгубија ловиштето

Француските рибари привремено поради постбрегзитската промена останаа без дозволи да ловат во водите околу Гернзи, еден од британските каналски острови.

Според Reuters, службени лица на ЕУ и Британија очекуваат дека тоа прашање ќе биде решено во наредните денови, соопшти денеска француското министерство за земјоделство.

Договорот за пристап до водите околу Гернзи е заснован врз европските регулативи за риболов, кои синоќа автоматски истекоа со излегувањето на Велика Британија од Европската унија.

Велика Британија и ЕУ сега мора да преговараат за постбрегзитскиот трговски договор, но засега, за време на транзицискиот период до крајот на годината, бизнисот се одвива на нормален начин, што значи дека француските рибари ќе го задржат правото за пристап до водите околу Гернзи.

Меѓутоа, властите на Гернзи одлучија да воведат нов систем според кој секој рибарски брод ќе мора да побара индивидуална дозвола за влез во водите на 6-12 милји крај брегот на островот.

„Постапката за аплицирање за лиценца мора да биде во функција од следната недела. Дотогаш, пристапот на француските рибарски бродови во водите на Гернзи е привремено забранет“, соопштиле од Министерството за земјоделство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП