28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКако еден еднинаесетгодишник успешно инвестира на Wall Street?

Како еден еднинаесетгодишник успешно инвестира на Wall Street?

Од крајот на декември 2018 година, единаесетгодишниот Американец, Колин Флин инвестирал 420 долари во акции на Nintendo, Tesla, Apple, Starbucks, Boeing, Chipotle, Nike, Uber, Amazon и Google.

Флин, кој живее со своите родители и постарата сестра во Вудбери, Њу Џерси, заштедил пари помагајќи им во домашните работи и вклучувајќи во списокот со желби за Божиќ „пари за инвестирање“.

„За Божиќ 2018 година, Колин барал пари за да купи акции, од каде потекнуваат повеќето негови средства. Тоа беше единствено што тој го побарал таа година“, изјави неговата мајка, Кери Саливан.

Досега инвестициите кои ги вложувал во текот на петте месеци со помош на апликацијата BusyKid, му „заработиле“ 119,16 долари со поврат од 28,37 проценти.

Во 2019 година, индексот на берзата S&P скокнал за 28,88 проценти, давајќи поврат на вложениот капитал од 31,48 проценти.

Ако продолжи да инвестира по 420 долари секоја година со иста стапка на поврат (28,37 проценти), ќе има повеќе од 400 милиони долари до пензија.

Се разбира, малку е веројатно дека пазарот постојано ќе дава така високи стапки на поврат. Но, дури и ако неговата стапка на поврат би била само 10 проценти (што е просечно годишно враќање за S&P од 1926 година), Флин до пензија би заработил повеќе од половина милион долари.

Желбата да инвестира се појавила кога бил со семејството на одмор во Дизниленд, Париз. Како што кажува мајката на Флин, од статуа на Волт Дизни дошле до разговор за тргување со акции на компанијата Дизни и самиот поим – берзата.

„Од тогаш, Колин и јас го истражуваме пазарот на акции и инвестиции и најдовме одговори на неговите многу прашања. Тој стана позаинтересиран, разговорите продолжија, што го натера на својот божиќен список со желби да додаде пари за инвестирање на берза“, вели Кери Саливан.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП