2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ го налути Apple: Ист полнач за сите телефони

ЕУ го налути Apple: Ист полнач за сите телефони

Европскиот парламент со големо мнозинство гласаше за предлогот сите мобилни телефони да користат ист уред за полнење.

Предлогот, кој бара од iPhone и другите уреди да користат различен полнач од постојниот, се спротивставуваат на технолошките компании, вклучувајќи го и Apple.

Пратениците на ЕУ велат дека тоа ќе им го олесни животот на корисниците, овозможувајќи им да го полнат било кој уред со ист полнач.

Новото правило ќе ја присили било која компанија која прави мали или средни електронски уреди, вклучително и таблети, читачи, камери и часовници, да ги прилагоди своите производи така да сите да користат ист полнач.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП