17 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАРусија сака нов трговски договор со Британија

Русија сака нов трговски договор со Британија

Русија сака нов трговски договор со Велика Британија по излегувањето на земјата од Европската унија, изјави рускиот амбасадор во Лондон, Андреј Келин.

„Би сакале да постигнеме нов сеопфатен трговски договор, но тоа веројатно сеуште е многу далеку“, изјави Келин на прес-конференцијата.

Според неговите зборови, Русија и Велика Британија мора да склучат договори во областа на авијацијата, транспортот и трговијата со фосилни материјали.

„Во принцип, веќе направивме попис за тоа што би можеле да направиме со Велика Британија, но во исто време постои целосна тишина од британска страна, бидејќи таа е зафатена со поитни прашања“, истакна амбасадорот.

Во исто време, рускиот амбасадор во Лондон не ја исклучи можноста за склучување договор во зоната на слободна трговија со Велика Британија, доколку тоа го сака британската страна.

„Ќе работиме и секогаш ќе бидеме подготвени да ги склучиме договорите кои ни се потребни, но ова веројатно нема да биде приоритет во моментот, ќе оди во втор план. Иако нашите економисти и некои бизнисмени зборуваат прилично смело за преминување во зона на слободна трговија, што во суштина не е хипотетичка работа, тоа е сосема можно, за тоа е потребно Лондон да има многу смел, нов став“, заклучи Андреј Келин.

Обединетото Кралство ќе ја напушти Европската Унија вечерва во 23:00 часот (два часа по полноќ на 1 февруари во Москва). Преодниот период ќе трае до декември оваа година, а страните ќе го искористат тој период за преговори за идните односи.

Според условите на Брегзит, кои ги потврдија двете страни, периодот на транзиција може да се продолжи еднаш, најдолго на две години.

Велика Британија ќе мора да поднесе соодветна апликација до први јули годинава. Во тој случај, таа ќе биде обврзана да продолжи да плаќа придонеси во буџетот на Европската унија, на што британскиот премиер Борис Џонсон категорично се спротивставува.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП