19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМФ: Државниот долг за 2019 намален, јавниот долг стабилизиран и понизок од...

МФ: Државниот долг за 2019 намален, јавниот долг стабилизиран и понизок од проекциите

Државниот долг во 2019 година е намален за 0,4 процентни поени во однос на 2018 година и изнесува 40,2% од БДП, покажуваат последните, денес објавени податоци на Министерството за финансии.

Јавниот долг е стабилизиран и умерен и тој изнесува 48,9% од БДП. Во 2016 година јавниот долг изнесувал 48,8% од БДП. Ако се земе предвид дека во јавниот долг во 2019 е вкалкулиран и негарантираниот долг (од 0,3 процентни поени), кој претходно не бил сметан, во 2019 долгот е на пониско ниво во однос на 2016 година за 0,2 процентни поени, се вели во извештајот.

Инаку јавниот долг во 2019 година завршил под проекцијата на ревидираната Фискална стратегија 2020 од 49,3%. Проекцијата во Фискалната стратегија 2017-2019, подготвена во 2016, за 2019 изнесувала 56%, односно за 7 процентни поени повеќе.

За разлика од брзорастечкиот јавен долг од 2008 до 2016 година, кога истиот се удвоил од 23% на 48,8% од БДП, сега тој е стабилизиран, што може да се види и од кривата на долгот, велат од министертвото.

Print

Од таму велат дека стабилизацијата на долгот се должи на водењето на прудентна политика за јавен долг која ги таргетира компонентите кои го креираат долгот: 1.буџетскиот дефицит, преку негова консолидација и 2.сервисирањето на старите долгови. Ако порано буџетскиот дефицит достигнувал до 4% од БДП, годинава тој е проектиран на 2,3%, а следните две години ќе се намали на 2% од БДП. Со тоа ќе се стесни просторот за финансирање.

Бројот на аукции на државните хартии од вредност исто така е преполовен. Каматните стапки се неколкукратно намалени, така да со пониска камата се рефинансираат старите издадени државни хартии од вредност кои доспеваат, додаваат од министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП