19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМедитерански вкус во новите лебови од Жито Лукс

Медитерански вкус во новите лебови од Жито Лукс

Сега македонските потрошувачи ќе можат да уживаат во овие нови и уникатни лебови со богат медитерански вкус.

 Mediterano leb so maslinki

Жито Лукс претстави на пазарот два нови видови леб на парчиња. Медитерано – леб со маслинки и Медитерано со лук и оригано. Сега македонските потрошувачи ќе можат да уживаат во овие уникатни лебови со медитерански вкус.

“Новите лебови на Жито Лукс се подготвуваат со состојки кои потсетуваат на медитеранската кујна и претставуваат одлична лесна закуска. Комбинирани по ваш избор, можат да бидат одличен оброк и да претставуваат дел од вашите кулинарски ремек – дела. Со новитетите влегуваме во сегмент со таргетирани потрошувачи кои уживаат во различните вкусови на леб. Новите лебови произлегоа од анализите на пазарот и потребата од разновидност во делот на понудата на леб“, изјави Лидија Трајковска, менаџер во сектор за маркетинг во Жито Лукс.

Медитерано е линија со два нови леба – едниот со маслинки, а другиот со лук и оригано, состојќи кои им даваат посебен, карактеристичен вкус. И двата видови леб ја содржат основната состојка на медитеранската кујна – ладно цедено маслиново масло, кое само го надополнува уникатниот вкус.

 “Се надеваме дека на нашите потрошувачи ќе им се допаднат новите производи и дека ќе претставуваат совршен оброк за нив“ – додаде Трајковска.

Mediterano leb so luk i origano

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП