9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстрија бара над десет илјади работници во ИТ-секторот

Австрија бара над десет илјади работници во ИТ-секторот

Во австрискиот ИТ-сектор недостигаат околу десет илјади висококвалификувани работници. Портпаролот на одделот за ИТ на Австриската стопанска комора, Мартин Зандонела, рече дека директната и индиректната загуба од неисполнети работни места се проценува на околу 160 илјади евра годишно.

„Тоа е огромна штета за австриската економија“, рече тој.

Според него, веќе пет години се издаваат извештаи за состојбата во обуката и вработувањето во ИТ-секторот. Според последниот извештај, годинава има многу слободни работни места.

„Ние се бориме со стагнација“, рече Зандонела, изјавувајќи дека е загрижен за високата стапка на напуштање на ИТ-студии, пред сè во првите семестри.

На професионалните колеџи за ИТ стапката на напуштање била 44,9 проценти и на универзитетите 50,6 проценти во учебната 2017/2018 година. Најмногу искусна работна сила во ИТ-секторот недостасува за развој на софтвер, управување со компјутерски мрежи и ИТ-безбедност.Постои голема потреба од работна сила и за анализа на податоци, автоматизација, вештачка интелигенција и интернет.

Претставникот на ИТ-секторот истакна дека е неопходно да се воведе настава по информатика во основните училишта. Исто така, се размислува за воведување „ИТ-занаети“ за матурантите, затоа што, како што објасни Зандонела, ИТ-секторот не е класична индустрија за занаети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП