Акциите на Amazon пораснаа во четвртокот за повеќе од 11 проценти, откако компанијата објави дека остварила поголема заработка од очекуваната во четвртиот квартал од 2019 година.
Со раст на вредноста на берзата, личното богатство на Безос порасна за околу 12,6 милијарди долари.
Техничкиот гигант објави заработка од 6,47 долари по акција и вкупни приходи од 87,44 милијарди долари за четвртиот квартал од 2019 година.
Аналитичарите очекуваа заработка од 4,03 долари по акција и 86,02 милијарди долари приход.
Остриот пораст на вредноста ја направи Amazon четврта компанија со вредност од над илјада милијарди долари во Соеднитетите Држави – со Apple, Alphabet и Microsoft.