26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрегзит ги поттурна индексите: Eвропските берзи на отворањето во зелено, еврото ослабе

Брегзит ги поттурна индексите: Eвропските берзи на отворањето во зелено, еврото ослабе

Европските пазари на капитал денес на отварањето генерално беа во пораст, на денот кога Велика Британија ја напушта Европската унија.

Индексот DAX зајакна 0,22 проценти на почетокот на тргувањето, а меѓу најуспешните акции беше и онаа на Deutsche Bank со раст од 1,79 проценти. Во Париз, CAC 40 напредуваше 0,31 проценти, додека FTSE ослабна 0,1 проценти.

Еврото на отворањето на денешното тргување беше во пад во однос на доларот 0,06 проценти, додека британската фунта зајакна 0,25 проценти во однос на американската валута.

Европскиот парламент конечно пред два дена го ратификуваше договорот за Брегзит, па така Велика Британија ја напушта ЕУ на полноќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП