22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАEurostat: Невработеноста во еврозоната падна на 7,4 проценти

Eurostat: Невработеноста во еврозоната падна на 7,4 проценти

Стапката на невработеност во еврозоната од 7,4 проценти во декември го достигна најниското ниво од мај 2008 година, објави денеска Европското биро за статистика.

Tаа бројка е подобра од проценките на аналитичарите кои се даватели на финансиски услуги Factset, кои изјавиле дека очекуваат 7,5 проценти, колку што беше невработеноста во ноември.

Откако во септември 2016 година падна на симболични 10,0 проценти, стапката на невработеност во еврозоната стабилно опаѓа.

Во време на најтешката должничка криза, невработеноста во април, мај и јуни 2013 година достигна рекордно високо ниво со рекордна стапка од 12,1 проценти.

Меѓу 19-те земји во еврозоната, Германија и Холандија во декември имаа најниска стапка на невработеност (3,2 проценти).

На другиот крај на скалата, највисоки стапки биле во Грција (16,6 проценти во октомври) и Шпанија (13,7 проценти).

Во 28 земји од ЕУ, стапката на невработеност во декември изнесувала 6,2 проценти, додека во ноември 6,3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП