4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМилијардер се "ослободува" од печатените медиуми: Ќе преживеат само мал број

Милијардер се “ослободува” од печатените медиуми: Ќе преживеат само мал број

Милијардерот Ворен Бафет одлучи да излезе од бизнисот со весниците и предвидува дека повеќето весници ќе продолжат да одат по удолнини, освен неколку национални весници, како што се New York Times и Wall Street Journal.

Бафет ќе ги продаде сите изданија на компанијата Lee Enterprises за 140 милиони долари, вклучувајќи го и весникот Omaha World-Herald, кој излегува во Небраска, како и њујоршки Buffalo News.

Бафет, кој е обожавател на весници целиот живот, веќе неколку години предвидуваше дека повеќето од нив ќе продолжат да одат по удолнини, освен за неколку национални весници, како што се New York Times и Wall Street Journal.

Договорот за продажба опфаќа 30 дневни весници во 10 држави, како и 49 неделни весници со дигитални сајтови, и уште 32 други печатени производи, пренесува AP.

Според договорот, Lee Enterprises ќе влезе во десетгодишен закуп на недвижен имот на Berkshire Hathaway.

Весникот е мал дел од Berkshire Hathaway, кој поседува повеќе од 90 диверзифицирани компании и кој има огромни удели во компании како што се Coca Cola, Apple и Wells Fargo.

Портфолиото на изданијата Lee Enterprises ќе се зголеми на 81 дневни изданија, што речиси ќе го удвои неговиот сегашен обем на читатели, соопштија од компанијата. Договорот се очекува да биде склучен кон средината на март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП