2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо магацин 10.000 шишиња: Винариите се подготвуваат за Брегзит

Во магацин 10.000 шишиња: Винариите се подготвуваат за Брегзит

Британската винска индустрија е една од најбрзорастечките во светот.

Некои предвидуваат дека излезот на земјата од Европската унија ќе ја зголеми продажбата на домашно вино бидејќи залихите од Европа се намалуваат.

Меѓутоа, некои сопственици на лозја во Велика Британија велат дека снабдувачите на тапи, шишиња и опрема од ЕУ веќе ги зголемиле цените помеѓу 10-15 проценти.

Винска индустрија во Велика Британија:

500 лозја

15 милиони шишиња годишно

2.000 вработени

Татко и ќерка, Иан и Ребека Сергент, сопственици на винаријата Lauren во Дрифилд, Источен Јоркшир, се подготвуваат за денот Брегзит.

Оваа винарија е една од најсеверните лоцирани во земјата, а како што вели Ребека за BBC, многумина и не знаат дека може да се одгледува грозје за производство на вино во тој регион.

Како што наведува, не знаат како ќе изгледаат трговските бариери, ни дали ќе бидат воведени такси за увоз. Открива дека дури 80 проценти од нивната опрема е увезена токму од ЕУ, а вински резервоари нарачале шест месеци порано отколку што би сториле, за да бидат сигурни дека ќе бидат доставени.

Открива дека во магацин имаат 10.000 шишиња вино, за да се подготват за периодот кој следи.

Како што вели Иан, најмногу ги загрижува неизвесноста која доаѓа со Брегзит, и додава дека многу добавувачи ја искористиле можноста да заработат и да ги зголемат цените за опрема.

„Мислам дека треба да го претвориме Брегзит во нешто позитивно“, вели Ребека и додава дека ќе мора да најдат начин од сега да ја набавуваат опремата од својата земја, наместо од ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП