8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД: Откриен најдолгиот граничен тунел за шверц на наркотици

САД: Откриен најдолгиот граничен тунел за шверц на наркотици

Тунелот се протега на 1.313 метри, од мексиканскиот град Тихуана до американскиот Сан Диего на другата страна на границата.

Американските власти соопштија дека е откриен најдолгиот тунел за шверц на наркотици на југозападната граница, кој се протега 1.313 метри од мексиканскиот град Тихуана до Сан Диего, објави AP.

Почетокот на тунелот е во индустриска област во Мексико, наведе американската царина и граничната служба.

Откако тунелот е откриен кон крајот на август минатата година, мексиканската полиција го пронашла и влезот во тунелот, а припадниците на работната група во Сан Диего започнале да прават мапа за тунелот од Мексико.

Лифт на влезот

Американската гранична полиција го опиша тунелот како “најсофистициран кој некогаш го виделе”, со широк систем на шини и кола за брз транспорт на дрога, вентилација и електрични кабли со висок напон и панели.

Тунелот, кој граничните служби го нарекоа “Baja Metro”, имал лифт на својот влез, како и комплексен одводен систем, објави Los Angeles Times.

Вториот најдолг тунел во САД, кој се протега на 904 метри, е откриен во Сан Диего во 2014 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП