Градоначалникот на Свети Николе, Сашо Велковски, објави дека Корејците кои вчера беа вербално нападнати во центарот на Скопје, се членови на невладина организација кои во училиштата во Свети Николе држат предавања за ширење на мир и пријателство.
„Корејците кои вчера беа нападнати од страна на непристоен жител на Скопје, дојдоа во Свети Николе со добра мисија за ширење на мир и пријателство во основните училишта во нашиот град. Оваа е уште еден доказ до каде оди нашето општество. Срамота и брука за тоа какви луѓе има кај нас“, вели Велковски.
Од сите луѓе, идиотот во Скопје налетал на тимот од Сеул,Јужна Кореа кои дошле специјално на децата во училиштата да им предаваат за мир, толеранција и меѓусебно разбирање.
На крај, сепак дошле на правото место за такво предавање поткрепено со доказ и нивно доживеано искуство. pic.twitter.com/bxDvERh1X3— The GPock (@TheGPock) January 30, 2020
Тој објави дека лицата се од Сеул, Јужна Кореја и дека се дел од невладината организација „Heavenly Culture World Peace Restoration of Light (HWPL)“ која одржува работилници на тема „Мир, толеранција и меѓусебно разбирање“ со ученици од 7,8,12 и 13 години.
Само нуклеарка за нас! 🤮😩 pic.twitter.com/uBV9HkvZBU
— Frank Castle (@skopskipunisher) January 29, 2020