23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската влада малку ја зголеми прогнозата за раст за 2020 година

Германската влада малку ја зголеми прогнозата за раст за 2020 година

Германската влада скромно ја зголеми прогнозата за економски раст за оваа година на 1,1 процент, што е за 0,1 процентни поени повеќе во однос на нејзината проекција од октомври 2019 година.

„Економијата оваа година ќе расте подобро отколку што се проценуваше минатата година. Перспективите се повесели – но не можеме да бидеме задоволни од сегашниот раст. Тековните показатели за раст се сè уште премногу ниски“, изјави германскиот министер за економија Петер Алтмајер за новата прогноза, објави AP.

Германската економија, најголема во Европа, забележува експанзија веќе 10 години по ред, но нејзиниот минатогодишен раст на бруто домашниот производ од 0,6 проценти е најслаб од 2013 година.

Најголема поддршка на германската економија минатата година и даде приватната потрошувачка, додека растот на извозот успори, а производството ослабе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП