ПочетнаЕКОНОМИЈАЕстонска апликација доби 50 милиони евра од ЕИБ за да конкурира на...

Естонска апликација доби 50 милиони евра од ЕИБ за да конкурира на Uber

Европската инвестициска банка (EIB) потпиша договор за инвестиција од 50 милиони евра со апликацијата Bolt која ќе конкурира на Uber и слични апликации.

Финансирањето на оваа апликација го поддржа Европскиот фонд за стратешки инвестиции (EFSI).

Средствата се наменети за понатамошно инвестирање во подобрување на постојните услуги за „ride sharing“, како и за проширување на лични мобилни услуги, како што е испорака на храна.

„Bolt е добар пример за европска извонредност во технологии и иновации“, изјави потпретседателот на EIB, Александар Стаб.

„Естонија го води патот во дигиталната трансформација на Европа“, изјави Паоло Гентилони, европски комесар за економија, додавајќи дека е горд што Европа преку својот инвестициски план поддржува развојна стратегија за создавање иновативни и безбедни услуги кои ќе ја охрабрат урбаната мобилност.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП