6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарците извезуваат помалку часовници, а заработуваат повеќе

Швајцарците извезуваат помалку часовници, а заработуваат повеќе

Иако вредноста на извозот порасна, бројот на часовници продадени на странски пазари е намален за повеќе од 13 проценти.

Вредноста на извозот на часовници од Швајцарија минатата година пораснал за 2,4 проценти, благодарение на добрите резултати во неколку источно азиски земји, кои го ублажија падот на продажбата од 11,4 проценти во немирите кои го зафатија Хонг Конг, објави швајцарската индустрија за часовници.

Хонг Конг, најголемиот швајцарски пазар за часовници и регионален центар за дистрибуција на луксузни производи, повторно беше задолжен за 12,3 проценти од швајцарскиот глобален извоз на часовници, чија вредност минатата година достигна 21,7 милијарди швајцарски франци (22,3 милијарди долари).

„Хонг Конг е тешко погоден од протестите кои таму се одржуваат од јуни“, се вели во соопштението на здружението.

Иако вредноста на извозот порасна, количината на продадени часовници на странски пазари се намалил за повеќе од 13 проценти, на 20,6 милиони парчиња, спуштајќи се на нивоа од почетокот на 1980-тите години.

Пад на вкупниот извоз и увоз

За минатогодишното зголемување на извозот исклучиво е заслужна повисоката продажба на многу скапи часовници, вклучувајќи механички часовници и часовници од скапоцени метали, кои се продаваат по цена поголема од 3.000 франци.

Швајцарските производители во сегментот на поевтин кварц и часовници од челик забележале пак помала продажба.

Минатата година најмногу пораснала продажбата на швајцарски часовници во Јапонија, Кина, Сингапур, Велика Британија и САД, додека на европските пазари стагнирала.

Меѓу најголемите предизвици за иднината на овој бизнис се силниот швајцарски франк, политичката парализа во Хонг Конг, претседателските избори во САД и епидемијата на коронавирус во Кина.

Во 2019 година, според одделни податоци на царинската управа, Швајцарија забележала пад на вкупниот извоз и увоз, и тоа за ​​1,2 односно еден процент во однос на претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП