27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвакуиран цел „Сити мол“ по дојава за бомба

Евакуиран цел „Сити мол“ по дојава за бомба

Поради дојава за бомба, вработените и посетителите во трговскиот центар „Сити мол“ во моментов се евакуирани. Им било соопштено да го напуштат трговскиот, по што многу брзо во паника луѓето почнале да трчаат кон излезите.

Поради инцидентот, околу трговскиот центар има голема гужва, полициски возила, а автобусите се пренасочуваат.

На лице место има Брза Помош и Противпожарни екипи.

Од „Сити мол“ пријавиле во полиција дека имаат дојава за поставена бомба. На местото се испратени единици за антитероризам кои што го проверуваат трговскиот центар, велат од МВР за „Макфакс“. Истрагата е во тек.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП