28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБрегзит: "Британија ќе мора да направи компромиси"

Брегзит: “Британија ќе мора да направи компромиси”

Велика Британија ќе мора да направи компромис за правата на потрошувачите и животната средина, доколку сака да го задржи целосниот пристап на пазарот на ЕУ.

„Сите сакаме нула тарифи и нула трговска бариера, но тоа исто така значи и нула дампинг и нула нелојална конкуренција“, напиша германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, во авторскиот текст за германски Zeit, пренесува Reuters.

„Без слични стандарди за заштита на нашите работници, потрошувачите и животната средина, не може да се дојде до целосен пристап на најголемиот единствен пазар во светот“, додава тој.

Според неговите зборови, Британија и ЕУ ќе мора да водат преговори за своите економски односи по Брегзит „на начин кој нема да и наштети на Европската унија“.

Тој додаде и дека во однос на безбедноста и одбраната, Британија и ЕУ ќе мора да развијат нови форми на соработка, како што е создавање на Европски совет за безбедност, кој би ги координирал заедничките ставови за стратешките прашања и кои побрзо ќе одговораат на меѓународни кризи.

Тој исто така изјави дека вратата на ЕУ ​​секогаш ќе остане отворена за Британија ако одлучи да се врати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП