24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКаде сè инвестира Бил Гејтс? Поседува дури и дел од својот најголем...

Каде сè инвестира Бил Гејтс? Поседува дури и дел од својот најголем ривал

Бил Гејтс, основачот и сопственик на Microsoft е еден од најбогатите луѓе во светот. Сепак, можеби е малку необично што поседува дури и дел од својот најголем ривал, компанијата Apple.

Врз основа на податоците од 2019 година, се верува дека Бил Гејтс сè уште поседува 330 милиони акции на Microsoft, што претставува околу 55 милијарди долари од вкупните акции, или 4,3 проценти од уделот на компанијата.

Според извештајот од ноември минатата година, Гејтс има акции во 16 различни компании, во кои има инвестирано околу 21 милијарди долари.

Од тие пари, околу 54 проценти се инвестирани во една компанија: Berkshire Hathaway, чиј основач е Ворен Бафет. Тука Гејтс преку својата фондација има 2,25 проценти од сопственоста.

Оваа компанија е главен инвеститор во познати американски компании како што е Coca Cola, објави порталот The Next Web.

Уште поважно, од 2016 година, Berkshire Hathaway инвестира и во Apple, познатиот ривал на Microsoft. Во моментов поседуваат околу 5,68 проценти од акциите на Apple.

Тогаш, колку проценти од Apple биле во сопственост на Гејтс?

Да не ве замараме со математика, ќе го напишеме конечниот резултат: Бил Гејтс поседува околу 0,13 проценти од компанијата Apple, односно акции кои вредат 1,8 милијарди долари.

Иако ова не е голем удел во компанијата и не значи дека Гејтс може за нешто да одлучи во Apple, сепак е интересно да се види дека поседува барем некој дел од “лутиот ривал”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП