Британија ќе му овозможи на кинескиот телекомуникациски гигант Huawei ограничена улога во изградбата на нејзината 5G мрежа, соопшти владата на Лондон.
Во соопштението се вели дека добавувачите со висок ризик ќе бидат исклучени од чувствителното јадро на мрежата и дека постојат ограничување од 35 проценти за нивното учество во деловите на мрежата кои не се од чувствителна природа, пренесува Reuters.
Од Huawei порачаа дека се охрабрени со потврдата на владата на Велика Британија дека можат да продолжат да работат со своите клиенти на реализација на постојаното воспоставување 5G мрежа која е во тек, додаде британската агенција.
Соединетите држави побараа од премиерот Борис Џонсон целосно да забрани учество на Huawei во таа работа, тврдејќи дека Пекинг би можел да ја користи опремата на таа компанија за шпионирање на Западот. Huawei повеќе пати категорично ги негираше обвинувањата и какво било вмешаност во шпионажа.