16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрв случај на коронавирус во Европа

Прв случај на коронавирус во Европа

Првиот случај на коронавирусот е потврден во Германија, изјави портпаролот на Министерството за здравство на Баварија доцна во понеделникот, а објави Ројтерс.

Баварската здравствена канцеларија потврди дека со коронавирусот е заразен еден жител на Старнберг, место на триесет километри од Минхен.

Тој засега е во добра состојба и под надзор на лекари. Досега не се објавени детали за пациентот, неговата возраст, ниту неговата националност.

Луѓето кои биле во контакт со пациентот биле информирани за можните симптоми на болеста, т.е. мерките што треба да ги преземат доколку се промени нивниот здравствен статус.

Исто така, потврдено е дека прес-конференција за ова прашање ќе се одржи во вторник наутро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП