20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСончево со мала до умерена облачност

Сончево со мала до умерена облачност

Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со утринска магла. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од југозападен правец. Кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд, на планините од снег.

Утринската температура ќе се движи од минус два до четири степени, а дневната температура од три до 14 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер.

Утринката температура ќе достигне до два степени, а дневната температура до 10 степени.

Во среда попладне и во ноќните часови врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои пониски места. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер. Потоа следува период на стабилно време.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП