19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГо срушија сопствениот рекорд: Најголемата земја во Јужна Америка произведе милијарда барели...

Го срушија сопствениот рекорд: Најголемата земја во Јужна Америка произведе милијарда барели нафта

Минатата година Бразил произвел повеќе од една милијарда барели нафта, со што го сруши рекордот во производство.

Дневното просечно производство во оваа земја изнесува 3,1 милиони барели, што е за 7,78 проценти повеќе отколку во 2018 година.

Повеќе од половина од целото производство на нафта забележано во 2019 година потекнува од плодната крајбрежна зона на Бразил. Придонесот на оваа зона изнесува 633,98 милиони барели, што е годишно подобрување за 21,56 проценти.

Дневното производство на сурова нафта во Бразил надмина три милиони барели прв пат досега во ноември 2019 година.

Зголемувањето на производството на нафта во Бразил се случило благодарение на осум нови лебдечки капацитети за производство, складирање и истовар.

Крајбрежната зона станала центар на внимание на бразилската нафтена индустрија. Во таа област би можело да сместат до 15 милијарди барели неискористена сурова нафта, што ќе ги удвои вкупните резерви на Бразил на 30 милијарди барели и ќе го направи петтиот најголем производител на нафта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП