Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 13,343.68 0.34%    BESK 7,500.00 0%    FUBT 1,200.00 9.09%    GRNT 1,180.00 0.06%    KMB 7,647.14 0.3%    OKTA 4,700.00 3.3%    REPL 79,990.12 1.25%    RMDEN18 98.70 0%    SBT 3,000.00 0%    STIL 92.00 0%    TETE 2,250.00 0%    

Северна Македонија со најголема корист од косовската такса на српскиот увоз

Време: 11:44

Датум: јануари 27, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Увозот на производи од Северна Македонија во Косово во минатата година е зголемен за околу 40 отсто, откако Приштина во ноември 2018 воведе такса од 100 отсто на увозот од Србија и Босна и Херцеговина, пишува во денешното издание „Коха диторе“.

Според весникот, како што јави дописникот на МИА од Приштина, во текот на 2019 година од соседната држава во Косово се увезени стоки во вредност од 239 милиони и 306 илјади евра, додека една година порано таа вредност била за над 63 милиони евра помалку, односно изнесувала 172 милиони и 176 илјади евра.

Според официјалните податоци на косовската Царина, Северна Македонија стекнала корист од таксата на српскиот увоз и на крајот од 2018 година, со оглед дека една година порано, во 2017, македонскиот извоз бил во вредност од 156 милиони и 498 илјад евра, односно за околу 10 отсто помалку одошто во годината кога се воведе таксата.

Освен Северна Македонија, корист од одлуката на Владата на Рамуш Харадинај за санкции на увозот од Србија и БиХ имала и Албанија. Податоците на Царината на Косово говорат дека од таа држава во 2019 година се увезени стоки во вредност од 222 милиони и 547 илјади евра, што е за околу осум отсто повеќе одошто во 2018 година, кога вредноста на увозот од Албанија изнесувал 206 милиони и 492 илјади евра.

Од друга страна, на годишнината од воведувањето на таксата, на крајот од ноември 2019, српскиот министер за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ објави дека загубите на српската економија поради такста од 100 отсто во изминатите година дена изнесувале околу 400 милиони евра, односно дека во тој период вкупниот српски извоз изнесувал помалку од 50 милиони, додека една година порано тој достигнал вредност од над 440 милиони евра.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Банката на Англија пушти во промет нови банкноти од 20 фунти

    Банката на Англија пушти во промет нови банкноти од 20 фунти

    Нова банкнота од 20 фунти со ликот на уметникот Вилијам Тарнер ќе се појави од утре во банкоматите и платниот промет во Велика Британија. Оваа…

  • Сопственичка на онлајн продавница е најбогатата Русинка

    Сопственичка на онлајн продавница е најбогатата Русинка

    Најбогатата жена во Русија е Татјана Бакалчук, сопственик и основач на интернет продавницата Wildberries, објави денеска магазинот Forbes. Нејзиното богатство, според Forbes достигнало 1,4 милијарди…

  • Просечната плата во декември 26.836 денари

    Просечната плата во декември 26.836 денари

    Просечната нето плата исплатена по вработен во декември 2019 година изнесува 26.836 денари, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци просечната месечна исплатена нето-плата…

  • Шпанија воведува дигитален данок: Годишно очекуваат околу милијарда евра приход

    Шпанија воведува дигитален данок: Годишно очекуваат околу милијарда евра приход

    Шпанија има намера да воведе нов данок кој ќе го плаќаат претежно големите дигитални компании како Google, Amazon и Facebook, изјави министерката за финансии, Мариа…

  • Ангеловска: Преку алатката за транспарентност за јавен долг, ќе се бориме против погрешното информирање

    Ангеловска: Преку алатката за транспарентност за јавен долг, ќе се бориме против погрешното информирање

    Од денес граѓаните имаат можност да се информираат за јавниот долг преку новата алатка за транспарентност javendolg.open.finance.gov.mk, која ја изработи Министерството за финансии со поддршка…

  • Почина креаторот на “copy-paste”

    Почина креаторот на “copy-paste”

    Пионерот во компјутерската технологија, Лери Теслер, креаторот на “cut”, “copy” и “paste”, почина на 74-годишна возраст. Теслер започна да работи во Силиконската долина во раните…

  • Брегзит донесе 140 компании во Холандија

    Брегзит донесе 140 компании во Холандија

    Неизвесните ефекти од Брегзит принудија голем број странски компании да отворат канцеларии во Холандија, соопшти холандската агенција за странски инвестиции, додавајќи дека од референдумот за…

  • За десет години во земјава влегле 2,6 милијарди евра странски инвестиции

    За десет години во земјава влегле 2,6 милијарди евра странски инвестиции

    За десет години во земјава влегле 2,6 милијарди евра директни странски инвестиции – покажуваат податоците на Народната банка. Бројките покажуваат дека не „цветаат рози“ во…

  • Ковид-19: 2.126 лица починаа, бројот на заразени се намалува

    Ковид-19: 2.126 лица починаа, бројот на заразени се намалува

    Од коронавирусот (ковид-19) досега починале 2.126 лица, заразени се 75.600, а во последните 24 часа во кинеската провинција Хубеи, каде за прв пат се појави…

  • Претпладне врнежи од дожд, попладне ќе престанат

    Претпладне врнежи од дожд, попладне ќе престанат

    Времето претпладне во поголем дел од земјава ќе биде со врнежи од дожд, а на планините од снег. Во попладневните часови врнежите ќе престануваат и…