20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВознемирувачки снимки на заболени од коронавирус го обиколија светот(видео)

Вознемирувачки снимки на заболени од коронавирус го обиколија светот(видео)

Вознемирувачки снимки на пациенти како се тресат во ходникот на една од болниците во Вухан го обиколија светот. Станува збор за пациент заразен со озлогласениот коронавирус.

Видеото покажува дека лицето покриено со ќебе неконтролирано се тресе додека една жена му ја држи главата. Вирусот е познат дека предизвикува треска, напади и конвулзии.

Првиот пациент кој заздрави од болеста, исто така, сведочеше дека имал тешки трески со денови пред да биде пренесен во болнички карантин. Другите симптоми се како обичен грип, како што се отежнато дишење и покачена температура, што го прави овој вирус уште потежок за откривање.

Ова е токму причината зошто деновиве има огромни редици во болниците во Вухан. Сите оние кои сакаат да проверат дали се заразени од вирусот, треба да чекаат два дена да бидат прегледани од лекар, така што болниците се преполни, јавуваат локалните медиуми.

Нема доволно простор за оние што би требало да лежат во болницата, за што сведочат бројни снимки слични на оваа, каде што се гледаат заразени пациенти во ходниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП