27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија ја претстави монетата која го означува излезот од ЕУ

Велика Британија ја претстави монетата која го означува излезот од ЕУ

Велика Британија ја претстави новата паричка, монета од 50 пени која означува заминување на Лондон од ЕУ.

„Напуштањето на ЕУ претставува пресвртна точка во нашата историја и оваа монета претставува почеток на ново поглавје за Британија“, изјави министерот за финансии, Саид Џавид.

На монетата е испишено „Мир, просперитет и пријателство со сите земји“ и датумот на Брегзит – 31 јануари 2020 година.

Околу три милиони монети ќе бидат дистрибуирани од банки, пошти и продавници почнувајќи од петок, 31 јануари, додека уште седум милиони ќе бидат пуштени во оптек подоцна оваа година.

По повеќе од три години жестока дебата и прашања кога и дали да се спроведе Брегзит, Британија ја напушта ЕУ на 31 јануари оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП