7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКоронавирусот ја сруши цената на нафтата

Коронавирусот ја сруши цената на нафтата

Цената на нафтата “брент” за прв пат од 1 ноември падна под 60 долари за барел.

Падот на цената на нафтата се должи на стравувањата од појавата на коронавирусот. Цената на нафтата “брент” падна за 3,41 проценти на 58,62 долари за барел, а VTI 2,29 проценти на 52,95 долари.

Инвеститорите стравуваат дека брзото ширење на новата болест би можело негативно да влијание на светската економија, па и на побарувачката за енергија.

Според последните податоци, коронавирусот зема 80 животи, а само во Кина се заразени најмалку 2.744 луѓе.

Околу 60 милиони луѓе се погодени од делумен или тотален карантин, бидејќи властите во неколку кинески градови забранија влез и излез од градот.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП